0.8 C
Skopje
петок, 23 јануари 2026

Инфантино најави: Доналд Трамп ќе го предаде трофејот на светскиот првак

Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп ќе го додели трофејот на победникот на Светското првенство кое летово ќе се игра во САД, Канада и Мексико. Ова го потврди и првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.

„Овој трофеј ќе му биде врачен на 19 јули на капитенот на тимот кој ќе го освои Светското првенство“, рече Инфантино, a потоа додаде: „Ќе го предадам заедно со претседателот на Соединетите Американски Држави, земјата домаќин. Никој не може да го допре овој трофеј.“

Мундијалот во овие три земји ќе започне на 11 јуни, а финалето е закажано за 16 јули.

Трамп беше еден од главните и на ждрепката за извлекување на групите за Мундијалот, кога претседателот на САД ја доби и ФИФА наградата за мир.

Трамп и Инфантино се во пријателски односи, а тие двајца минатата година ја водеа церемонијата за доделување на медалите на светското клупско првенство, а на крајот Трамп им го предаде пехарот на фудбалерите на Челзи, кои беа освојувачи на тој турнир.

- Оглас -

Најнови вести