Инфантино се разочара од историскиот дуел на двете Кореи – Забрането за новинари, а немаше ни голови, ни публика

Џани Инфантино е разочаран од впечатоците што останаа од дербито кое се очекуваше со многу внимание, а меѓу себе играа двете Кореи, Северна и Јужна.

Се играше во Пјонгјанг, домаќин беше Северна Кореја на мечот што за првпат по 30 години се играше на нејзина територијата. Официјално двете земји немаат потпишано мировен договор, но по долги години играње меѓусебни мечеви во Кина или Јапонија, одиграа квалификациски дуел на корејска почва.

Првиот човек на ФИФА остана разочаран бидејќи немаше гледачи на стадионот, а новинарите од странските земји, но и од Јужна Кореја не добија виза за влез во Северна Кореја.

„Искрено се радував и очекував голем исчекор на фудбалски план во односите на двете земји, но историскиот момент не го видоа фудбалските симпатизери. Разочаран сум што немаше публика, ниту пренос, ниту визи за странските новинари“ изјави Инфантино.

https://twitter.com/jchmbrgstrm/status/1184079457859932162?s=20

Мечот заврши без голови, а иако беше најавен директен ТВ-пренос, такво нешто немаше. Поразително е што на членовите на гостинската делегација им биле одземени мобилните телефони и сите останати уреди, а домаќините ветија дека ќе им достават снимка од натпреварот на Јужнокорејците.

Двете селекции по три меча во групата Х за настап на Мундијалот во Катар сè уште немаат примено гол и се на првите две позиции со по 7 бода.

- Оглас -

Најнови вести