Инфантино: Светско првенство на две години ќе спаси многу имигранти од Африка

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, е најголемиот поборник за одржување на Светското првенство на две години.

„Мораме да го вклучиме остатокот од светот во модерниот фудбал, не само тој да биде во Европа. Не можеме да му кажеме на светот ‘дајте ни ги парите и гледајте на тв’, туку мораме да вклучиме што повеќе земји.

Доколку има повеќе земји од Африка коишто би учествувале, тоа би им дало надеж на младите имигранти да не бегаат од своите земји туку парите што ги добиваат федерациите би им помогнале дополнително да се развива фудбалот таму и да биде на повисоко ниво.

Не велам дека е перфектно, н, Светското првенство на две години може да спаси многу Африканци кои бегааат преку морето и или се удавуваат, а други, пак, завршуваат во кампови за имигранти“, изјави Инфантино.

Оваа идеја на двегодишно Светско првенство ја поддржуваат Арсен Венгер, како и фудбалските легенди Мајкл Овен и Јаја Туре.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести