Инфлуенсерката која го заведе Јамал, сега се жали, но се закани и дека ќе тужи

Фати Васкес е инфлуенсерката која стана светски популарна откако се најде во прегратките на Јамин Ламал. Васкес е познато дека е активна на платформата OnlyFans, а изминативе неколку дена уживаше заедно со суперѕведата на Барселона. Девојката која е повеќе од 10 години постара од 17-годишниот Јамал се најде на лавина критики на социјалните мрежи.

Таа дури се пожали дека медиумите ја направиле постара затоа што таа немала 30 години, туку само 29.

„Растргната сум на интернет. Тоа е многу неправедно. Немам ни 30 години, имам 29 години. Никому ништо лошо не сум направила. Тоа не влијае само на мене, туку и на целото мое семејство. Добивам смртни закани, обвиненија како педофилија. Едноставно, тоа е премногу“, вели Васкес во една телевизиска емисија.

Инфлуенсерката откри дека преку социјалните мрежи се запознала со Јамал и дека фудбалерот ја поканил да му прави друштво на одморот во Италија. Таа прифатила и вели дека неколку дена поминале заедно.

„Јас и Јамал само поминавме неколку дена заедно. Закани, навреди и лажните обвиненија кој ги добивам целосно ги документирам. Потсетувам дека клеветата, вознемирувањето и заканите на интернет се кривични дела“, додаде инфлуенсерката.

Додека Васкес трпи последици по неколкуте денови поминати со Јамал, младата суперѕвезда на Барселона продолжи да патува и да ужива.

- Оглас -

Најнови вести