Ингс е „светецот“ кој му беше потребен на Саутхемптон (видео)

Дени Ингс со погодок од белата точка го реши дуелот меѓу Брајтон и Саутхемптон за победа на гостите од 2-1, па така го најави своето враќање по повредата на коленото која го тргна од терените на одреден период.

Воедно Ингс им помогна на Светците да се избегне пад на формата, ако се знае дека во претходните два меча освоија само еден бо во англискиот шампионат.

https://twitter.com/noob_fcb/status/1336064178117877760

Брајтон поведе уште во 26-тата минута, исто од пенал кој го реализира Гроз, но израмнување донесе Вестергард на истекот од првото полувреме.

Со шестата победа Саутхемптон застана на петтата позиција со 20 бода, еден повеќе од Манчестер јунајтед, додека Брајтон е 16-ти со 10 бода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести