Иниеста има покер асови – Левата на Меси, десницата на Чави, плус Рамос и моќниот Роналдо

Андрес Иниеста го одбра својот мини дрим-тим составен од четворица играчи, кои ги одбра по интересни критериуми.

За еден од најомилените играчи за симпатизерите на фудбалската игра нема дилеми, чија левица е најдобра. Лео Меси е изборот на Иниеста, а тој одлично ја познава магијата на левата нога на некогашниот соиграч од Барселона.

Долго со Чави беа триото фантастико на средината на теренот и во офанзивниот дел на Барселона, а токму за Чави, Иниеста смета дека најдобро на фудбалската планета владее со десната нога.

За да има баланс, некогашниот мозок на играта на Барселона не ги заборави и некогашните големи ривали од Реал Мадрид.

Иниеста потенцира дека Серхио Рамос е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња во скок-играта. Вели дека го фасцинираат физичката сила и моќта на Кристијано Роналдо, кој долго време им беше ривал на Чави и на Барселона како член на Реал Мадрид, а сега игра за Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести