Иниеста ја заврши играчката кариера и веднаш тргна во нов предизвик (фото)

Легендарниот шпански фудбалер Андрес Иниеста неодамна ѝ кажа збогум на играчката кариера. Иниеста имаше две децении блескава кариера, во која ги освои сите највредни трофеи како на клупско така и на репрезентативно ниво.

Иниеста реши да се пријави на курс за тренери во организација на Фудбалската федерација на Обединетите Арапски Емирати. Токму во оваа земја, во тимот на Емирати, Иниеста ја заврши кариерата, па сега остана таму за да се усоврши во тренерската работа.

- Оглас -

Најнови вести