Иниеста откри кој играч треба да има блескава иднина во Барселона

Најдобрите резултати во последниве неколку децении Барселона ги имаше кога на теренот беше триото Лионел Меси, Андрес Иниеста и Чави Ернандес. Овие тројца беа мозокот и моторот на Барселона, а каталонскиот клуб доминираше не само во Шпанија туку и во Европа.

По заминувањето на Иниеста и Чави, Меси ја загуби потпората која ја имаше од средината на теренот. Барселона неколку години бара соодветно решение за наследници на Чави и Иниеста. Толку Иниеста зборува за тоа дека конечно се појавил играч кој треба да има блескава иднина на „Камп ноу“, а тоа е младиот Педри.

„Јасно е дека Педри има голем потенцијал. Мислам дека тој е на идеалното место каде што треба да продолжи со својот развој. Млад е и целото време е пред него. Иако е многу млад, убеден сум дека е подготвен и дека знае што треба да прави. Кога е тој на теренот, се гледа разлика во играта, воопшто не изгледа како да има само 18 години. Тој е играч кој треба да има светла иднина во Барселона“, вели Иниеста.

Тинејџерот сезонава си обезбеди место во стартниот тим и веќе има одиграно 36 натпревари во сите натпреварувања, што значи дека тренерот Роналд Куман верува во овој млад играч.

 

- Оглас -

Најнови вести