Иниеста со магија го испрати Торес во фудбалска пензија (Видео)

Андрес Иниеста уште еднаш потврди дека го има фудбалот во малиот прст, а со прекрасна асистенција и гол беше еден од главните актери во убедливата победа на Висел Кобе против Саган Тосу од 6:1.

Гостите предводени од живата легенда на светскиот спорт го прегазија домаќинот, а магичниот потег на 35-годишниот ветеран во 22-рата минута ги засени сите голови и атрактивни моменти на мечот од Џеј-лигата.

На овој меч од активното играње фудбал се прости уште една голема легенда, Фернандо Торес, и тоа како играч на Саган Тосу.

Иниеста најпрво одигра двоен пас со Осаки, а потоа одигра компјутерски точно со долга топка што префрли половина терен за подоцна од истата акција да дојде до трет гол за Кобе.

https://www.youtube.com/watch?v=mGc0UeBeago

Две минути претходно, Иниеста постигна гол од пенал, а во финишот на полувремето го напушти теренот испратен со овации од противничките навивачи.

По 24 одиграни натпревари за Кобе, Иниеста со шест голови е во топ 20 на листата со најдобри стрелци во елитната јапонска лига.

- Оглас -

Најнови вести