26.8 C
Skopje
четврток, 14 август 2025

Ињиго Мартинес: „Не можев да поверувам што гледам, вакви понуди не се одбиваат“

Дефанзивецот на Барселона, Ињиго Мартинес, изненади многумина со одлуката да се пресели во Саудиска Арабија, а Каталонците воопшто не му правеа проблем и му го раскинаа договорот една година пред истекот.

„Разговарав со Флик по враќањето од турнејата. Бев искрен со него бидејќи знаев дека ќе ме разбере, со оглед на тоа дека имам 34 години и ми остануваше само уште една година од договорот. Ваквите понуди ретко доаѓаат и тешко е да се рече не. Беше изненаден, но совршено ме сфати веќе од втората минута. Тоа беше пријатен разговор и ми беше многу жал бидејќи имавме меѓусебно почитување. Беше истовремено тажно. Не беше напнато, имаше многу емоции. Знам колку му бев важен. Сигурно дека повеќе ќе размислував да имав повеќе од една година договор. Немав мала плата во Барселона и семејството беше среќно. Не беше лесно да се донесе одлука бидејќи со мене доаѓаат и сопругата и ќерката. Кога ќе ја видиш понудата, не можеш да поверуваш. Никој не е подготвен да види таква понуда барем јас не сум. Јас сум фудбалски работник и се искачував со труд и пот, но кога ќе добиеш ваков договор, тоа те изненадува, посебно семејството“, вели Ињиго Мартинес.

Дефанзивецот во Барселона заработуваше седум милиони евра годишно, но иако не е објавена неговата плата во Ал-Наср, сепак се шпекулира дека таа е неколкукратно повисока од онаа во Каталонија.

- Оглас -

Најнови вести