Минатата недела ја одбележа еден многу тажен настан за македонскиот фудбал, почина легендарниот Васил Рингов. Многу генерации го засакаа фудбалот токму поради игрите кои ги покажуваше Васил Рингов, а оние кои ќе го гледале во живо, слушаа за виртуозот во дресот на Вардар.
Рингов си замина на 70-годишна возраст, а од ФК Вардар денеска одржаа комеморативна седница во чест на популарниот Васе. Челниците на ФК Вардар започнаа иницијатива, барајќи институциите да ја именуваат Јужната трибина на Арената „Тодор Проески“, по името на некогашниот вардарец и трибината да се вика Васил Рингов.
Токму таа трибина често се поврзуваше со Рингов, затоа што во многу прераскажувања за играта на Васе, легендарниот фудбалер често сакал да ја „фати сенката“ од јужната трибина.

