18.8 C
Skopje
петок, 8 август 2025

Иницијаторите за промени во МОК не успеаја да обезбедат кворум за смена на Димевски

Обидот на Иницијативниот одбор за смена на претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Даниел Димевски, заврши неуспешно бидејќи не успеа да обезбеди кворум на денешното Вонредно собрание.

Смената на Димевски требаше да биде „изгласана“ во салата „Борис Трајковски“, а иницијаторите претходно најавија дека ја имаат поддршката од мнозинството на национални федерации.

На седницата се појавија поголем дел од претставниците на Федерациите, како и делегатите кои бараат смена на Димевски, но и покрај тоа не беше обезбеден кворум од 50+1 национална федерација за да се изгласа смената на првиот човек на МОК. Присутни беа 28-мина делегати на собранието од вкупно 61, со што Иницијаторите останаа покуси за тројца делегати и по 60-тина минути чекање за да се обезбеди кворум, заврши првиот обид за смена на Димевски.

Но, тука не е крајот на бранувањата во МОК бидејќи в четврток во СЦ „Јане Сандански“ треба да се одржи Редовното собрание кое го закажа Димевски и на кое иницијаторите повторно ќе имаат шанса да изгласаат недоверба на првиот човек на МОК.

- Оглас -

Најнови вести