Како што стојат работите, и да се врати фудбалот во блиска иднина навивачите ќе немаат пристап до трибините за повторно да уживаат гледајќи ги своите омилени екипи. Такво сценарио најавуваат од топ 5 лигите во Европа, што значи дека преносот во живо преку спортски канали ќе биде единствен начин да се проследат натпреварите.
Сепак, идејата на данскиот прволигаш Митјиланд е да им овозможи на своите фанови да бидат во непосредна близина на нивниот стадион и колку толку да направат атмосфера. Планот е да се постават џиновски екрани на крововите од сите страни на стадионот кои би ги прикажувале натпреварите во тек, а навивачите би седеле на паркингот пред арената и би гледале од своите автомобили.
Навивачите би се чувствувале како да се на отворено кино, но прашање е кој би сакал да седи по два часа затворен во автомобил.
https://twitter.com/goal/status/1251327084783235073