Иновација која ги воодушеви тенисерите: теренот се рамни со помош на велосипед! (Видео)

Тенискиот турнир „Српска опен“, кој годинава се игра во Бања Лука, а на него учествува и Новак Ѓоковиќ, кој утре ќе го почне својот настап, може да влезе во историјата на тенисот по една интересна иновација.

Помеѓу два сета и пред мечевите, земјениот терен се рамни како и секаде каде што се игра на таква подлога, но во Бања Лука тоа го прават на необичен начин. Нема влечење „пешки“, туку со велосипед!

Работникот вози велосипед и врти кругови, а позади го влече алатот (мрежа) за мазнење на теренот.

https://twitter.com/i/status/1648012333313040387

- Оглас -

Најнови вести