Новинарот Еду Агире важи за инсајдер за случувањата во Реал Мадрид, а тој денес излезе со шокантни тврдења за напнатоста која владее во таборот на Кралевите, а која, според него, ескалирала во тепачка. По поразот од Арсенал во Лигата на шампионите, Реал Мадрид имал тренинг во петокот, на којшто се чувствувала напнатост, а потоа прераснало во физичка пресметка на Ридигер и Белингам.
„Тоа беше една од најнапнатите недели во соблекувалната на Реал. Уште од средата се чувствуваше дека тоа ќе се случи. Чувствуваат дека нивната сезона е на коцка и дека ќе загубат сè само за неколку дена. Ми пренесоа дека на тренингот во петокот дошло до голема расправија помеѓу двајца фудбалери како резултат на таа напнатост. На крајот сè прераснало во тепачка помеѓу Белингам и Ридигер“, вели Агире.
EXCLUSIVA @EduAguirre7
“El viernes hubo un PIQUE en el entrenamiento entre RUDIGER y BELLINGHAM”
“Se terminaron dando la mano”. pic.twitter.com/xZCGQrptIE
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) April 13, 2025