Наполи триумфираше на гостувањето против Торино со 3-1. Избраниците на Карло Анчелоти ја оправдаа фаворитската улога, а главен актер на теренот беше Лоренцо Инсиње. Италијанецот уште во четвртата минута го донесе во предност својот тим, а Верди во 20-тата минута зголеми на 2-0 по асистенцијата на Мертенс.
„Биковите“ кон почетокот на вториот дел ја намалија негативата, Андреа Белоти беше прецизен од белата точка во 51-та минута, но само осум минути подоцна Инсиге го запиша својот втор погодок на мечот и ги постави конечните 3-1.
Наполи со оваа победа се искачи на второто место на табелата, со 12 бода од пет одиграни натпревари во Серија А, додека Торино го претрпе вториот пораз сезонава и имаат само пет бода по пет кола.