Капитенот на Наполи, Лоренцо Инсиње, му купи нов мотор на навивачот на Наполитанците кому му украдоа мотор додека го прославуваше освојувањето на Купот на Италија по пенал-серијата против Јувентус.
Навивачот на Наполи, кој се вика Салваторе, додека се возеше низ улица, беше нападнат од вооружени лица и тие му го зедоа моторот. За Салваторе тоа беше голема трагедија затоа што моторот го користи и на работното место бидејќи е вработен како курир за достава за храна. За негова среќа, малиот по раст (има 163 сантиметри) Инсиње има огромно срце и душа, па кога дозна за инцидентот, реши да му подари ист таков мотор на Салваторе.
Има и снимка од нападот врз Салваторе:
https://twitter.com/i/status/1275401970979704832