Наполи со 3-0 ја победи Џенова, во меч кој мина во знакот на Лоренцо Инсиње, капитенот на Наполи кој последен пат играше во Неапол како домашен фудбалер, бидејќи по завршувањето на сезонава се сели во Торонто.
За прославата да биде побогата, на Инсиње му беше дозволено да шутне пенал, и да даде гол. Инсиње прво утна, но пеналот беше повторен, а од „втора мајка“ ја затресе мрежата. Инсиње со девет голови од пенал е најефикасен пеналџија во топ 5 лигите.
Тој доби овации и пред мечот кога доби голем пехар како благодарност од клубот, а публиката беше на нозе и во финишот кога тој излезе од игра и на негово место влезе Елиф Елмас.
Со овој денешен пораз, Џенова е речиси испадната во Серија Б, само чудо може да ги спаси.