18.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Инспекција на ФФМ ќе го провери стадионот во Велес

Еден од најголемите скандали во македонскиот фудбал во годината која што измина беше новиот стадион во Велес. За овој стадион, Фудбалската федерација на Македонија од фондовите на ФИФА и УЕФА потроши многу пари, а ефектот е катастрофален.

Теренот на стадионот повеќе личи на некое запуштено поле, отколку на место каде што треба да се игра фудбал.

Токму затоа, новото раководство на ФФМ, донесе одлука да испрати инспекција и да се добие вистинската слика за тоа како и до каде се работите околу овој проект. Треба да се детектира зошто овој објект за кој е вложено толку многу пари, изгледа како што изгледа сега, односно како запустено поле и кој е одговорен за тоа.

 

- Оглас -

Најнови вести