Инспекцијата не е добредојдена во тренинг-комплексот на Наполи

Калчолигашите стартуваа со тренинзи, од утре веќе ќе тренираат и во групи, а напоредно со тоа државните власти вршат проверки во клубовите со цел да видат дали сите се држат до протоколот и прописите кои се услов за продолжување на сезоната.

Инспекторите кои го посетиле тренинг-комплексот на Наполи не биле топло пречекани од страна на тренерот Џенаро Гатузо. На Рино не му се допаднало што инспекторите му пречеле во тренингот, додека со нивната проверка се создавало погрешна слика за тимот дека крие нешто, односно не ги почитува правилата.

„Немаме што да криеме, педантни сме и претпазливи“, им се обратил Гатузо на испекторите откако им ги предал видео-снимките од минатите неколку тренинзи.

Играчите на Наполи од минатата недела започнаа со индивидуални тренинзи, а веќе од утре ќе работат во групи со цел да се подготват за продолжување на шампионатот кој е најавен во средината на јуни.

- Оглас -

Најнови вести