Икарди е немилосрден против Рома, „волчицата“ знае да победува во Милано

Манчестер сити – Тотенхем (13.30 часот)

Манчестер сити ќе има експресна шанса за реванш, откако двете екипи одиграа луд реванш меч во Лигата на шампионите, а победата од 4:3 беше пирова за англискиот првак.

Сити има мотиви за триумф, бие голема битка за одбрана на титулата со Ливерпул, но Тотенхем и покрај сите проблеми покажа дека знае да се справи со популарните „граѓани“.

Проблем за гостите се повредите, кои само се редат во ситуација кога на Тотенхем му се неопходни победи и во Премиерлигата, за да остане во трка за позиции кои гарантираат настап во ЛШ и следната сезона.

За што ќе се одлучи Покетино е најголемата енигма. Дали да ги чува силите за полуфиналето со Ајакс, кое почнува за десеттина дена, или да ризикува уште некоја повреда на клучните играчи. Хари Кејн е во аут до крајот на сезоната, се повреди и Сисоко, надвор од строј се и Орие, Винкс, Даер, Ламела, а заморот ги стаса и Сон, Ериксен..

Сити е фаворит, има четири победи против Тотенхем на послендите пет дуели, а и мотивите за реванш се огромни.

Предлог тип: 1&2-4 гола (2.20) Квота на денот 

 

Еибар – Атлетико Мадрид (16.15 часот)

Еибар никогаш не го победил Атлетико во меч од Ла Лига, а играа 9 пати меѓусебе. Еден единствен триумф на тимот од Баскија против популарните „јорганџии“ датира од 2001 година во меч од Сегунда дивизија.

Атлетико и денеска е фаворит за победа, но ќе мора да најде рецепт да избегне трето реми по ред во дуелите со Еибар. Баскијците играат многу солидно сезонава во Шпанија, но за нив тимот од Мадрид е речиси непобедлив. Се надеваат дека можат да го искористат отсуството на суспендираните напаѓачи на гостите.

Диего Коста нема да игра до крајот на сезоната поради инцидентот и црвениот картон на дербито со Барселона, а Антоан Гризман ќе паузира поради пет жолти картони. Неизвесно е дали ќе играат и Годин, Лемар и Савиќ што се големи проблеми за фаворитот.

Сепак Атлетико е искусен тим, има поголем избор на квалитетни играчи и е фаворит, без разлика на проблемите со повредени и суспендирани играчи.

Предлог тип: Х2&2+ (2.00) Квота на денот 

 

Рајо Валјекано – Уеска (18.30 часот)

На „Валјекас“ денеска ќе се игра на „се, или ништо“ во меч што ја крои судбината на двата тима. Ремито не е опција ниту за Рајо, ниту за Уеска, па само трите бода можат да понудат продолжување на битката за спас и опстанок во Ла Лига.

Столе Димитриевски повторно ќе биде резерва, сега Пако Хамес има повеќе доверба во ветеранот Алберто Гарсија, а проблем за домаќините ќе биде суспензијата на десниот бек Луис Адвинкула. Со, или без него  мора да се оди на победа за да се фати приклучок со екипите кои бијат жестока битка за продолжување на прволигашкиот живот во Шпанија.

Предлог тип: 1 (2.25) Супер тип на Sport Life

 

Интер – Рома (20.30 часот)

Дуелите меѓу Интер и Рома секогаш се интересни и во послендо време и ефикасни. Имаше Гол-гол на последните шест пресметки, а како играат веројатно и денеска таа опција за типување е најдобра.

Кај Интер се врати Мауро Икарди, играч што има постигнато пет гола против Рома на последните пет дуели, еден и во својата мрежа.

Ако победи вечерва на „Џузепе Меаца“ Интер ќе и побегне на Рома за 9 бода што веројатно би била недостижна разлика на пет кола до крајот, во битката за позиции кои водат во Лигата на шампионите.

Римската волчица некако ја преброди кризата, има две победи по ред во Серија А, а не е поразена во Милано на дуелите со Интер на последните два меча. Овде нема простор за калкулации и Интер и Рома ќе одат на победа, па се очекува нов ефикасен меч на двата италијански гиганти.

Предлог тип: Т1 2+&ГГ (2.60) Квота на денот

 

Шалке 04 – Хофенхајм (20.30 часот)

Ова е дуел на две екипи што играа во Лигата на шампионите сезонава, но сега се во многу различна позиција во Бундеслигата.

Шалке со Штутгарт е најголемото разочарување во германското првенство и бијат грчевита битка за опстанок. Тимот од Гелзенкирхен го смени и тренерот Тедеско, но нема резултати, па само благодарение на лошите игри и на ривалите за опстанок има шест бода предност во битката за спас од испаѓање.

Добро за нив е што немаат веќе голем проблем со повреди на играчите, што ги мачеше подолг период сезонава, но лошо е што на гости им доаѓа Хофенхајм. Тим кој повторно блеска и е кандидат дури и за позиции кои водат во ЛШ. Немаат пораз на пет меча по ред, но и немаат победа на „Ауф Шалке“ арената на 7 бундеслигашки мечеви по ред, или од 2011 година.

Мечот им е многу важен на двете екипи, мора да се победи за да се остварат амбициите, па ќе типуваме дека ќе се тресат и двете мрежи.

Предлог тип: ГГ (1.48)

 

- Оглас -

Најнови вести