19.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Интер ќе го победи најслабиот клуб во Првата лига

2701 КТП – Интер Турку (Прва лига, Финска, 17,30 часот)

Интер не гостувал на арената „Арто Толса“ во Котка од 2015 година, а тој меч не го памати по добро бидејќи загуби од КТП со 4:1. Сепак, сега тимот од Турку е голем фаворит, играат добро и речиси сигурно ќе настапат во плејофот во финското првенство.

КТП игра многу слабо и има само една победа на 16 меча досега. Ја победи Хака во третото коло на гостински терен во мај и оттогаш има серија од 13 меча без триумф. Убедливо е последен во најсилната лига во Финска и тешко ќе се спаси од испаѓање.

На клубот со 94-годишна традиција често му се случуваат вакви циклични периоди на криза. Имаат две титули од пред 70-тина години, потоа за малку ќе исчезнеа од фудбалската мапа, кога заради административни проблеми на почетокот на овој милениум беа преселни во понизок ранг. И сега им се заканува испаѓање, а поразот од Интер е речиси неминовен.

Предлог тип: 2&T2 (1.67)

 

2843 Б 1913 – Јамербугт (Куп, Данска, 17,30 часот)

Интересна е ситуацијата на дуелот од данскиот куп меѓу Болдклубен 1913, или попознат како Б 1913, и Јамербугт. Домаќините имаат многу поголема традиција од денешниот гостин, но тоа е само историја. Сегашноста вели дека Б 1913 е петтолигаш, што е најнизок ранг на натпревари, а Јамербугт е член на Втората лига.

Б 1913 е основан во 1913 година и како симбол во името на клубот е и бројката кога е формиран. Трипати беше вицешампион на Данска, а има играно и во европските купови.

Јамербугт има многу поскромно педигре, но денеска е голем фаворит за победа и пласман понатаму во данскиот куп. Викендов што помина загуби дома со 0:6 од Хелсингор и ќе сака да се извади за дебаклот.

Двете екипи играат офанзивен фудбал, за гол повеќе, и се очекува голеада во битката за настап во следната фаза.

Предлог тип: 2+I&4+ (1.91)

 

2844 Фредериксунд – БК Фрем (Куп, Данска, 19 часот)

Данците имаат долга фудбалска традиција, а потврда се и денешните ривали во купот. И Фредериксунд и БК Фрем се формирани во 19 век, односно имаат над 100-годишна фудбалска традиција.

Фрем е многу познат клуб во Данска и шесткратен првак на земјата, но титулите се во периодот од 1922 до 1944 година. Сега е член на третата лига, но има амбиции да се пласира еден ранг погоре, а потоа и да се атакува на камбек во прволигашкото друштво.

Фредериксунд е полуаматерски клуб и нема позначајни успеси, иако има традиција што се протега во три века.

Неодамна двете кипи играа пријателски меч и Фрем славеше со 5:0, па можна е и реприза во корист на поквалитетниот тим.

Предлог тип: 2&1+I&1+II (2.45)

 

2627 Трелеборгс – Естерс (Втора лига, Шведска, 19 часот)

Трелеборгс е постар клуб од Естерс за четири години, а и двете екипи што се формирани на почетокот на минатиот век имаат солидна традиција на успеси во Шведска.

Домаќините 17 пати играле во Првата лига, но немаат титула, а Естерс ги има четири, што го рангираат во Топ-10 најтрофејни клубови во Шведска.

Естерс е првата екипа што освоила титула во својата земја по прмоцијата од второлигаш веднаш следната сезона како член на Првата лига. Тоа се случи во 1968 година, што беше и прва титула за тимот.

Златните години на клубот се од 1978 до 1981 година, кога се освоени три шампионски круни. Сега клубот е во златната средина во Втората лига.

Трелеборгс со победа има шанса да се пробие на третата позиција, што гарантира бараж за пласман во Првата лига. Естерс бие битка за опстанок, а интересно е што последните шест меѓусебни дуели на ови две екипи завршија со 0-2 гола.

Типуваме дека традицијата ќе продолжи и денеска во меч сиромашен со голови.

Предлог тип: 0-2 гола (1.71)

 

7256 Бруксби – Имер (Тенис, ОП на САД, 22 часот)

Првото коло на Отвореното првенство на САД ќе биде вистински тест за можностите на двајцата млади тенисери кои се во топ-форма. Џенсон Бруксби е новата надеж на американскиот тенис, има 20 години и годинава го играше првото АТП финале во кариерата.

Во Њупорт стана вториот најмлад финалист во 45-годишната историја на турнирот, но не успеа да ја освои титулата и беше поразен од Кевин Андерсон во мечот за пехарот.

Микaел Имер е две години повозрасен од ривалот, а и тој го забележа најголемиот успех во кариерата ова лето. Пред три дена го играше првото финале во кариерата, на турнирот во Винстон-Салем загуби во мечот за титула од Иља Ивашка само со два освоени гема.

Денеска Швеѓанецот може да освои многу повеќе игри од двата гема во финалето против Ивашка и очекуваме голема битка на двајца талентирани тенисери кои се во подем.

Предлог тип: >36,5 гема (1.90)

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести