Инфаркт меч ги скрши срцата во Фиренца – Интер победи во невидена драма со смешен гол (Видео)

Интер ја победи Фиорентина со 4:3 во исклучително драматичен меч и со смешен гол на Хенрик Мхитаријан во 95. минута, откако топката во неговата нога ја изби Венути и таа влезе во мрежата.

Претходно во 90. минута Фиорентина израмни на 3:3 со голот на Лука Јовиќ, но Мхитаријан го имаше последниот збор за победа на Нероаѕурите.

Голот за победа на Интер можете да го погледнете ОВДЕ.

Пет минути претходно српската врска Никола Миленковиќ и Лука Јовиќ со акција за 3:3 во 90. минута и буквално ќе му ја украдеа победата на Интер и донесоа голема радост за Фиорентина и за навивачите на „Артемио Франки“ во Фиренца.

Миленковиќ му асистираше на Јовиќ за израмнувачки погодок во самиот финиш, а Виолетовите сепак на крајот останаа без бод.

Гостите од Милано водеа со 2:0 и со 3:2, и на крајот и се радуваа на победа.

Лаутаро Мартинес постигна два гола и Барела даде еден за Интер, додека стрелци за Фиорентина беа и Кабрал и Иконе.

 

- Оглас -

Најнови вести