Интер беше немоќен пред одбраната на Бразилците каде главни беа 44-годишен голман и 40-годишен стопер

Бразилскиот Флуминенсе го направи првото големо изненадување на Светското клупско првенство откако со 2:0 го победи Интер и го елиминираше актуелниот европски вицепрвак уште во осминафиналето на Светското клупско првенство.

Флуминенсе постигна гол на почетокот на мечот во третата минута за 1:0 и потоа во 90+3 минута кога ја потврди победата со вториот гол. Интер делуваше немоќно, посебно пред одбраната на Флуминенсе.

Тоа што е карактеристично е дека столбови во одбраната на Флуминенсе беа двајца ветерани. Голманот Фабио во септември ќе наполни 45 години, а против Интер беше феноменален.

Пред Фабио, во одбраната главен беше некогашниот капитен на Бразил, Тијаго Силва кој има 40 години.

Победата за Силва е посебно драга затоа што тој е некогашен играч на Милан и секогаш му се посебно драги триумфите над Интер.

Головите со кои Флуминенсе победи може да ги видите ТУКА. 

- Оглас -

Најнови вести