Интер без бодови кај Торино, а ќе мора да се откаже и од Перишиќ

Интер уште еднаш ги разочара своите навивачи и загуби на гостувањето кај Торино со 1-0. Торино полека, но сигурно станува бауч за Интер бидејќи „нераѕурите“ веќе петти меч по ред не може да ги победи. По овој пораз, Интер остана на третото место, а Торино со трите бода се искачи на 10-тото место на табелата.

Освен што загуби, Интер денеска најверојатно ќе го загуби и хрватскиот напаѓач Иван Перишиќ. По три и пол години поминати на „Џузепе Меаца“, Перишиќ и официјално побарал да си замине од италијанскиот тим. Хрватот сака да направи трансфер во Арсенал, и тоа уште во овој преоден рок. Токму поради оваа ситуација, Перишиќ воопшто не беше во составот на Интер за мечот против Торино.

Можно е да се случи Перишиќ да замине како позајмен играч во Арсенал за сума од четири милиони евра, а потоа „топчиите“ да доплатат 40 милиони евра и да го откупат неговиот договор.

 

- Оглас -

Најнови вести