Интер доминираше против Рома и на крајот победи минимално со 1:0 во меч од 10 коло во Серија А. Маркус Тирам донесе голема радост за домашните фанови на „Џузепе Меаца“ погодувајќи во 81 минута.
Во текот на речиси целиот меч Нераѕурите напаѓаа, упатија дури 19 удари кон голот на гостите, имаа две третини посед на топка, а на крајот само еден момент беше доволен за да се радуваат на крајот.
Со оваа победа Интер стигна до 25 бодови и повторно се врати на чело на табелата во Серија А, пред Јувентус со 23 и Милан со 21. Росонерите вечерва играат на гости против Наполи. Рома остана на само 14 бодови од 10 кола.