3.8 C
Skopje
сабота, 17 јануари 2026

Интер даде еден гол, но тој беше доволен да се освојат трите бода (Видео)

Интер победнички ќе се врати од гостувањето кај Удинезе, откако славеше со 1:0 на стадионот „Фриули“, во дуел од 21 коло на Серија А. Со оваа победа Интер само се зацврсти на првото место на табелата со 49 бодови, додека Удинезе остана на 26 бодови и е на 10 позиција.

Моментот кој го реши победникот на мечот во Удине се случи во 20 минута. Капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез е херојот, постигнувајќи го единствениот погодок. Голот на Лаутаро може да го видите ТУКА.

Во второто полувреме Интер со многу калкулации успеа да ја одбрани предноста и на крајот успешно да ја заврши мисијата, а тоа е освојување на трите бода.

- Оглас -

Најнови вести