Интер ѝ даде фора од два гола на Монца, па ја победи со гол без да се затресе мрежата (Видео)

Интер со пресврт од 0-2 до 3-2 ја победи Монца и така Нераѕурите од Милано и после ова коло ќе бидат лидери на табелата во Серија А, додека Монца е последна и пред испаѓање.

Гостите имаа сензационално водство од 2-0, но во финишот на првото полувреме Арнаутовиќ намали на 1-2 и како да го најави пресвртот. Чалханоглу со убав гол со шут од далечина израмни на 2-2, а во 78-ма минута часовникот на судијата покажа дека Интер дал гол во ситуацијата кога не се знаеше ни кој шутна (некаде голот му е запишан на Лаутаро Мартинес некаде автогол на Кирјакопулос) ни дали топката ја минала гол-линијата.

Од Монца протестираа, но видео технологијата потврди дека топката за малку, но со цел обем ја минала гол-линијата.

Ова е голот за Интер вреден три бода:

- Оглас -

Најнови вести