Интер на оригинален начин доби „корпа“ и од Кавани

Интер уште е во потрага по играч кој треба да биде главен во нападот за следната сезона. Нераѕурите очекуваа да го доведат Ромелу Лукаку од Манчестер јунајтед, но Белгиецот едноставно повеќе би сакал да игра во Јувентус отколку во Интер.

Нова цел за гигантот од „Џузепе Меаца“ беше доведување на Единсон Кавани од Пари Сен Жермен. Уругваецот уште игра на високо ниво и секако би бил вистинско засилување за Интер. Сепак, има еден проблем. Ниту Кавани не сака да игра за овој италијански клуб.

По добиената официјална понуда, Кавани без да сака да ги навреди челниците на калчолигашот, нашол џентлменски одоговор за тоа како да ги одбие. Уругваецот се заблагодарил на довербата и укажаната можност, но рекол дека уште е под договор со ПСЖ и сака да си остане во клубот со којшто има потпишано.

Договорот на Кавани со ПСЖ е до крајот на сезоната, па ако не ја продолжи соработката, следното лето Интер ќе може да го доведе без да даде ниту едно евро.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести