Интер добива големо засилување за финалето против Манчестер сити?

Додека тимот на Интер се подготвува за дуелот со Фиорентина од Купот на Италија, Милан Шкрињар е снимен како тренира индивидуално и шутира топка, што е добар знак и можеби ќе биде во комбинација за настап на 10 јуни во Истанбул, кога Нераѕурите ќе се сретнат со Манчестер сити во финалето на Лигата на шампионите.

Словакот има повреда на грбот и нема играно уште од 14 март. Тој денеска првпат тренираше на терен, а друга работа е дали ќе биде 100 отсто спремен за финалето бидејќи не е во натпреварувачки ритам.

Се шпекулира дека Шкрињар летово како слободен може да премине во Пари Сен Жермен, па можеби и веќе никогаш нема пак да заигра за Интер, а може и да си оди од клубот како европски шампион.

- Оглас -

Најнови вести