Интер држи ритам за Лига на шампиони

Со головите на Политано и на Гаљардини во период од десет минути во второто полувреме Интер го победи Спал и остана во игра за настап во Лигата на шампионите следната сезона.

Домаќините постигнаа гол и во првото полувреме, но по прегледувањето со ВАР системот беше поништена предноста на Интер.

Сепак нероаѕурите одиграа многу подобро во продолжението, а Политано со гол во 67. и Гаљардини со погодок во 77. минута го скршија отпорот на Спал.

Интер со 50 бодови е на четвртата позиција, еден бод зад Милан и шест пред Рома, Торино и Аталанта во битката за две места во ЛШ.

Торино и Аталанта со идентични победи од 2:1 на гости против Фрозиноне, односно Сампдорија останаа во трката за ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести