Ако за Реал Мадрид сите знаат дека е убедливо најуспешен клуб во историјата на Лигата на шампионите и претходно во Купот на европските шампиони, тогаш малкумина се запознати дека по бројот на победи во второто најсилно натпреварување по квалитет е Интер.
„Црно-сините“ од Милано вчера на гостувањето во Виена кај Рапид дојдоа до триумфот број 90 во натпреварувањето кое сега се вика Лига на Европа, а претходно беше Куп на УЕФА и се играше по поинаков систем на натпреварување.
Интер е првиот клуб со 90 победи во ЛЕ и Купот на УЕФА. Второто место на вечната листа го држи Спортинг Лисабон со 84, Бриж и Тотенхем имаат по 78, Севилја има 76, а Јувентус 75. По бројот на титули, доминира Севилја, и тоа сите трофеи овој клуб од југот на Шпанија ги освои по новиот систем во Лигата на Европа. Интер има три титули, кои ги освои во 90-тите години од минатиот век.