0.8 C
Skopje
сабота, 20 декември 2025

Интер е најмалерозниот клуб во 2025, беа блиску до пет трофеи, а не освоија ниеден

Интер од Милано беше финалист во Лигата на шампионите, беше во тесна борба за сите пет можни трофеи кои им беа на располагање во 2025, а на крајот не освои ниту еден и веројатно е најмалерозниот клуб годинава.  

Болоња му го зададе последниот удар на Интер на крајот од 2025 година, елиминирајќи го тимот на тренерот Кристијан Киву од полуфиналето на италијанскиот Суперкуп.

На почетокот на годинава загубија од Милан во полуфиналето на Купот на Италија, сите знаеме што им се случи во финалето на Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен, „петарда“ и веројатно најголемиот срам во модерната фудбалска историја, а во Серија А, Наполи им ја зеде титулата пред нос, со еден бод повеќе.

Летоска Интер беше елиминиран во осминафиналето на Светското клупско првенство, а сега дојде и пораз од Болоња во Суперкупот.  

Накратко – две втори места, две полуфиналиња и пораз од бразилски тим во осминафиналето на СКП, за негативна оценка за Интер во 2025 година.

- Оглас -

Најнови вести