Интер е противникот на Наполи и Елмас во полуфиналето (видео)

Со победата од 2-1 против Фиорентина, Интер се пласираше во полуфиналето од Купот на Италија. Нераѕурите на домашен терен беа подобри од Виолетовите и обезбедија двомеч против Наполи на Елиф Елмас во битка за пласман во големото финале.

Кандрева им донесе предност на домаќините пред паузата, а по еден час игра, Фиорентина израмни преку Касерес. Сепак, неизвесноста траеше само седум минути, бидејќи Барела ги постави конечните 2-1.

Вториот полуфинален пар е Милан – Јувентус. Првите полуфинални дуели се закажани за 12 февруари, додека реваншите се предвидени за 4 март.

https://twitter.com/CoppaVids/status/1222629309090869248

- Оглас -

Најнови вести