Интер е прв полуфиналист во Лигата на Европа, Манчестер јунајтед замина на бис и продолженија (Видео)

Интер е прв полуфиналист во Лигата на Европа по победата против Баер Леверкузен со 2:1 во Дизелдорф, а во Келн ќе има продолженија на дуелот меѓу Манчестер јунајтед и Копенхаген.

Нераѕурите славеа со головите на Барела и на Лукаку во краток рок од 15-тата до 21-вата минута, па голот на Кај Хаверц во 24-тата минута беше само почесен за германскиот тим.

https://twitter.com/SnapGoal/status/1292904476492300288?s=20

Интересно е што за Интер беа досудени два пенали потоа, но и двата судијата Солер дел Серо Гранде со помош на ВАР-технологијата ги поништи.

И покрај тоа, италијанскиот тим сепак победи и ќе игра во полуфиналето. Ромелу Лукаку патем стана и рекордер во Лигата на Европа со голови на 9 меча по ред во ова натпреварување.

Проблем со ВАР-системот имаше и Манчестер јунајтед, а на Црвените ѓаволи им беа поништени два гола, што ги постигнаа Гринвуд и Рашфорд, но заслужено бидејќи напаѓачите на англискиот тим беа во офсајд, па мечот во регуларниот дел заврши нерешено.

Во Келн ќе има продолженија од двапати по 15 минути, а ако нема победник, ќе се изведуваат пенали.

- Оглас -

Најнови вести