3010 Интер – Емполи (20.45 часот)
Интер во минатото коло ја прекина серијата од 10 победи по ред во Серија А играјќи 1:1 со Наполи, но и покрај тоа сигурно чекори кон титулата. Нераѕурите имаат 11 бода предност на лидерската позиција на табелата пред Милан и со елиминацијата во Лигата на шампионите, фокусот ќе им биде да ја освојат титулата во Серија А.
Емполи во последните девет кола ќе го очекува грчевита битка за опстанок и има три минимални порази во низа. Интер има серија од 10 победи по ред во Серија А над Емполи и за очекување е серијата да продолжи.
Предлог тип: 1-1 & 2-5 (2.05)
1120 ВБА – Вотфорд (16.00 часот)
Ова е натпревар од Чемпионшип дивизијата помеѓу екипа која се бори за пласман во плејофот за влез во Премиер лигата и екипа која и следната сезона ќе игра во втората англиска лига.
ВБА има серија од седум меча без пораз со која скокна на петтото место на табелата и има седум бода повеќе од седмиот Ковентри кој се бори за пласман во разигрувањето. ВБА по 39 кола има гол-разлика 60:37, додека Вотфорд има 55:53, што е најава за голови. На последните десет меча на ВБА се постигнати два или повеќе гола, а на последните три меѓусебни натпревари овие два тима одиграа 2:2,3:2,1:1.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.09)
1310 Виљареал – Атлетико М. (21.00 часот)
Ова е последен натпревар од 30-тото коло во Ла Лига. Виљареал по слабиот старт на сезоната во последно време игра одлично и се искачи на 10-тото место и моментно има серија од четири триумфи во низа. На три од четирите меча Виљареал славел со 1 & ГГ, а само во последното коло минимално ја совлада Валенсија. Од друга страна, Атлетико врза два порази во низа, од Баселона (0:3) и Кадис (0:2) и падна на петтото место на табелата. Во последните два меѓусебни меча кои се играа „Керамика“ беше 2:2.
Предлог тип: ГГ & 1+ I & 1+ II (1.88)
3009 Лече – Рома (18.00 часот)
Даниеле де Роси ја препороди Рома откако го наследи Жозе Мурињо на клупата, а во последните пет меча оствари четири победи и ја искачи Римската волчиња на петтото место на табелата со само три бода помалку од позицијата која води во Лигата на шампионите.
Лече сезонава се покажа како незгоден ривал на домашен терен, игра цврсто пред своите гледачи и има гол-разлика 15:22. Одличната форма на Рома треба да биде пресудна за да освои најмалку еден бод во тврд натпревар. Минатата сезона одиграа 1:1 на „Виа дел Маре“, а пред пет години славеше со минимални 0:1.
Предлог тип: Х2 & 1-3 (1.95)
1544 Портимоненсе – Брага (21.15 часот)
Брага има можност со победа над Портимоменсе да дојде на само два бода од третопласираниот Порто, а моменталната форма во која се наоѓаат двата тима, „двојката“ е реалност. Брага има четири победи на последните пет меча, додека Портимоненсе нема победа во последните седум меча во португалскиот шампионат (пет порази). И традицијата е на страната на Брага која нема пораз во официјалните мечеви со Портимоненсе.
Предлог тип: 2 & 0-3 (2.50)