Јувентус инсистираше да го продаде Душан Влаховиќ летово, откако не се договорија за продолжување на договорот, но Србинот остана во Торино, па следното лето ќе си оди како слободен фудбалер.
Интер веќе започнале преговори со неговите менаџери за негов трансфер на „Џузепе Меаца“ следното лето, но Влаховиќ нема намера да остане во Италија. Неговиот план е да се пресели во Премиер лигата, каде би добил бонус од 10 милиони евра само за потписот како слободен фудбалер, а барањата му се и фиксни 10 милиони евра плата годишно.
„Старата дама“ и Влаховиќ не се договорија за продолжување само поради платата која му ја нудеа, а требаше да помала од таа ја има сега. Србинот за последната година од договорот со Јувентус ќе добие годишна плата од осум милиони евра, која заедно со бонусите може да порасне и на 12 милиони евра.
На првите два натпревари од Серија А, Србинот беше резерва, но и на двата меча погоди откако беше уфрлен во игра.

