Интер едвај го победи Удинезе, Икарди со „паненка“ ги скрати маките

Мауро Икарди изведе совршена „паненка“ и со тој гол од пенал на најдобриот стрелец Интер го победи Удинезе.

Домаќините ја имаа иницијативата во текот на целиот меч, но тешко ја пробиваа апсолутната дефанзива на гостите од Удине. До 75. минута бункерот на Удинезе одлично функционираше, но Фофана во еден дуел играше со рака, ВАР системот го потврди тоа и беше досуден пенал за Интер.

Икарди ладнокрвно погоди со прекрасно изведена „паненка“, доволно за триумф на Интер и скок на втората позиција, заедно со Наполи. Двете екипи имаат по 35 бода, но Интер има меч повеќе.

- Оглас -

Најнови вести