Синоќа завршија репрезентативните возбудувања во квалификациите за Светско првенство 2026 година, па во следните неколку дена повторно главниот фокус ќе се префрли на клупскиот фудбал.
Кога се работи за клупскиот фудбал, таму доминираат мечевите од најсилните пет лиги во Европа. Вкупно 13 натпревари од Топ 5 лигите се дел од деветото коло на Спортската прогноза.
Од сите мечеви кои се предизвик да се погоди фиксот, посебно интересни се две градски дерби-пресметки. Во Лондон, Арсенал му е домаќин на Тотенхем, а интересно е дека над 85 отсто од прогнозерите очекуваат Топчиите да победат.
Во Милано, Интер ќе биде домаќин на Милан, а речиси 60 отсто од прогнозерите веруваат дека Нераѕурите ќе се радуваат на трите бода. Во победа на Милан веруваат малку повеќе од 10 отсто.
Како во секое коло, така и сега, главен предизвик за сите прогнозери е да се обидат да погодат Среќна 13-ка, односно да ги погодат фиксовите на сите 13 понудени дуели. Ако некој успее да има 13-ка, како главна премија е освојување на iPhone 16.
За погодена 12-ка следува ваучер во вредност од 1000 денари, а за 11-ка тој ваучер изнесува 500 денари.


