Интер води со 2:0 на полувремето против градскиот ривал Милан во дербито од четвртото коло во италијанската Серија А. Нераѕурите поведоа со голот на Мхитарјан по само пет минути игра, кога судијата процени дека нема фаул во напад, а Милан потоа не можеше да се одбрани.
Нова радост за навивачите на Интер кој на овој меч ја има улогата на домаќин, се случи во 38 минута. Маркус Турам беше во главна улога, постигнувајќи фантастичен гол.
Во првите 45 минути Интер само потврди дека едноставно доминира во дуелите против Милан во 2023 година и е на прагот од петата победа по ред. Во овој период, Интер вкупно даде 10 гола, а нема примено ниту еден, што е доминација каква што не се памти кога се работи за дуелите на овие градски ривали.
https://twitter.com/i/status/1703086463435350140