Договорот на Паоло Дибала со Јувентус истекува ова лето, а двете страни никако да пронајдат заедничко решение.
Италијанскиот клуб нуди седум милиони евра плата, плус бонуси и договор на три години, но агентите на Дибала бараат побогат и подолг договор.
Интер ја следи ситуацијата со Аргентинецот и според последните информации, испрати и понуда до самиот играч. Нераѕурите нудат осум милиони евра на годишно ниво, плус дополнителни бонуси, но и договор од пет години.
Целата оваа разврска треба да добие разрешница во наредните денови, а доколку Интер успее да го „украде“ Дибала од Јувентус, ова ќе предизвика голем револт кај навивачите на Старата дама кои се незадоволни од актуелното раководство.