Спортскиот директор на Интер, Бепе Марота, наводно се сретнал со претставници на данскиот фудбалер Кристијан Ериксен, кој бара начин да замине од Тотенхем. Состанокот се случил пред неколку дена, а Ериксен добил конкретна понуда од 10 милиони евра по сезона доколку се согласи на четиригодишниот договор што го нудат Нераѕурите.
Но, Данецот прво ќе треба да го дочека крајот на актуелната сезона за да ја оствари оваа преселба, односно откако ќе му истече договорот со клубот од Северен Лондон.
Инаку, Ериксен беше решен да замине уште во изминатиот летен преоден рок, но Тотенхем постави нереална цена која ниту еден заинтересиран клуб не сакаше да ја плати. Потоа изврши притисок за клубот да му дозволи да направи трансфер на почетокот од 2020 година, но бидејќи се направија промени во стручниот штаб, замина Покетино и дојде Мурињо, Ериксен сега чека решение од страна на португалскиот стратег, кој можеби ќе го премисли да остане доколку нивните амбиции се на исто ниво.
Ериксен оваа сезона е далеку од својата претпознатлива форма – вкупно на 15 натпревари запиша два гола и само една асистенција.