Фудбалерите на Интер забележаа победа на гостувањето кај Рома со 0-1 и се израмни на врвот од табелата во Серија А токму со денешниот противник, но и со шампионот Наполи.
21-годишниот Бони успешно избегна офсајд замка и уште во шесттата минута од мечот го постави конечниот резилтат, 0-1 за Интер.
Интер, Рома и Наполи сега имаат по 15 бода на врвот од Серија А, но Милан во недела ќе има шанса со победа над Фиорентина да дојде до ефект од 16 бода и да биде осамен на врвот по седум првенствени кола.