Италијанскиот и европски вицешампион Интер официјално потврди дека Никола Залевски останува дел од тимот откако клубот го комплетира неговиот постојан трансфер од Рома.
Според информациите, миланскиот гигант ќе му плати 6,5 милиони евра на римскиот клуб, додека договорот со 23-годишниот полски репрезентативец ќе важи до летото 2029 година. Залевски ќе заработува 1,8 милиони евра по сезона.
Залевски пристигна во Интер како позајмен играч на крајот од зимскиот преоден рок и досега има 17 настапи за Нераѕурите во четири различни натпреварувања, при што запиша еден гол и една асистенција.
Претходно, тој беше дел од првиот тим на Рома, каде што одигра 123 натпревари, постигна два гола и запиша девет асистенции. За полската репрезентација има 29 настапи, три голови и седум асистенции.
Nicola Zalewski joins on a permanent basis#ForzaInter
— Inter ⭐⭐ (@Inter_en) June 23, 2025