Интер го потпиша деветиот Германец, прв по пауза од седум години

Германскиот фудбалер Робин Госенс и официјално го облече дресот на Интер. Госенс доаѓа како позајмен играч од Аталанта, а во договорот има опција Нераѕурите на крајот од сезоната да ги откупат правата за овој играч.

Госенс е вкупно деветти Германец што ќе го носи дресот на Интер. Најпознат од сите нив е Карл-Хајнц Румениге, кога во 1984 година од Баерн Минхен се пресели на „Џузепе Меаца“ и играше три сезони.

Тука беше и прославениот дефанзивец Андреас Бреме, а, секако, асоцијација за Германеци во Интер се и Јирген Клинсман и Лотар Матеус. Овие двајца играа во Интер во периодот од 1988 до 1992 година.

Последен Германец во Интер беше Лукас Подолски во сезоната 2014/15 година, но тој не успеа да остави посебен белег. Сега на ред е Госенс да ги покаже своите квалитети.

- Оглас -

Најнови вести