Интер го прегази Милан и ќе игра финале на Купот на Италија

Миланското дерби од полуфиналето на Купот на Италија му припадна на Интер. По нерешените 0-0 на првиот меч, вечерва Интер доминираше против Милан и славеше со 3-0, па се најде во финалето во кое ќе игра веројатно со Јувентус или можеби со Фиорентина.

Лаутаро Мартинес рано, во четвртата минута го отвори резултатот, а Аргентинецот во 40-тата со нов погодок зголеми на 2-0, додека точка стави Госенс (негов прв гол во дресот на Интер) во 82-рата минута.

- Оглас -

Најнови вести