Интер официјално го претстави својот нов напаѓач Анж-Јоан Бони. Младиот 21-годишниот Французин доаѓа од Парма за 24 милиони евра плус бонуси. Неговиот договор е за следните пет сезони.
Бони во Интер доаѓа по препорака на својот тренер во Парма, Кристијан Киву. Романскиот стратег летово од новата сезона ќе биде дел од гигантот од Милано. За него имаше интерес од Наполи и Штутгарт.
Анж-Јоан Бони се приклучи на Парма во летото 2021 година од Шатору како слободен играч. Тој има 117 натпревари за „млекарите“, во кои постигна 15 гола и имаше 12 асистенции.
⚫️🔵 Official, confirmed. Yoan Bonny joins Inter from Parma on permanent deal.
Transfer fee worth €24m plus add-ons. pic.twitter.com/XLnQhAoITG
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 5, 2025