Интер го продаде Лаутаро Мартинез, а со тоа се отвори патот на уште два мега трансфери

Поради финансиски проблеми, италијанскиот првак Интер продолжи со распродажбата на играчите. По Хакими кој замина во ПСЖ за 60 милиони евра, се чека потписот на Ромелу Лукаку во Челзи за 110 милиони евра, а сега на праг е и реализација на трансферот на Лаутаро Мартинез.

Аргентинецот ќе замине во Тотенхем за сума од 60 милиони фунти. Ако ова се реализира, тоа ќе значи дека речиси сигурно Хари Кејн ќе си замине од лондонскиот тим и ќе потпише за Манчестер сити.

Лаутаро дојде во Интер во 2018 година од аргентинскиот Расинг за 23 милиони фунти и се покажа како вистинско засилување за клубот. Во 132 меча даде 49 погодоци.

На местото на Лаутаро во Интер треба да пристигне Един Џеко, а според многумина, тоа е веќе завршена работа.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести