Интер го пронајде наследникот на Јан Зомер

Италијанскиот калчолигаш Интер е сѐ поблиску до ангажман на голманот на Тотенхем, Гиљелмо Викарио. Според британските медиуми, спортскиот директор на Нераѕурите, Пјеро Аусилио, бил во Лондон оваа недела за да преговара за трансферот. Тој се сретнал со агентот на играчот, Валерио Гуфрида, пред реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите меѓу Тотeнхeм и Атлетико Мадрид.


Викарио започна како стартер на тој меч и имаше неколку важни интервенции, помагајќи му на тимот да победи со 3-2, што сепак не беше доволно за да обезбеди пласман во следната рунда.

Во првиот натпревар, Игор Тудор го започна мечот со Антонин Кински, кој направи две сериозни грешки во првите 15 минути и беше заменет.

Тотнехем го донесе Викарио од Емполи летото 2023 година за 17,2 милиони фунти. Тој добро започна, но направи неколку грешки од почетокот на оваа сезона. И покрај тоа, Интер и Јувентус покажаа интерес да го вратат во Серија А.

Нераѕурите се надеваат дека ќе го договорaт голманот за приближно истата сума за која Тотенхем го купи од Емполи. Тој треба да биде замена за ветеранот Јан Зомер кој речиси сигурно ќе го напушти Интер по завршување на сезоната.

- Оглас -

Најнови вести