Со убавиот гол на Матео Дармијан, Интер ја победи Аталанта со 1-0 и се пласира во полуфиналето на Купот на Италија.
Интер е бранител на титулата во ова натпреварување, лани во финалето го победи Јувентус, а сега овие два гиганти може да се сретнат еден против друг во полуфиналето доколку Старата дама на 2 февруари го елиминира Лацио во Рим.
Еве ја акцијата од 57-мата минута која го однесе Интер во следната фаза на Копа Италија:
https://twitter.com/i/status/1620536909905924096

